Фудбалерите на Милан ја прекинаа серијата од три натпревари на кои немаа победа. Попладнево Милан победи на тешкото гостување во Калјари со 2:0. Во својот прв старт откако се врати во Милан Златан Ибрахимовиќ беше најзаслужниот за победата на екипата што ја предводи Стефано Пиоли.
Милан до победата дојде со головите во второто полувреме, откако во првиот дел Олсен ги одбрани ударите на Тео Ернандез и Ибрахимовиќ, а Ромањоли упати удар крај голот.
Само што тргнаа од ценарот во второто полувреме гостите постигнаа гол. Со огромна доза на среќа Леао го совлада Олсен. За Португалецот ова беше прв гол во дресот на Милан.
Точка на мечот стави Ибрахимовиќ во 64 минута. Овој гол е прв за Ибрахимовиќ во дресот на Милан по пауза од седум и пол години.
Швеѓанецот постигна уште еден гол во финишот на мечот кој беше поништен поради офсајд.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1216017697563000840