Русија со пораз ги започна натпреварите во Е-групата на Европското првенство во ракомет. Во Малме, Унгарија ја победи Русија со 26:25.
Пресметката на две репрезентации со сличен квалитет донесе израмнет и крајно неизвесен натпревар. Во првото полувреме ниту една од селекциите немаше предност поголема од два гола.
Сепак финишот на првиот дел влијаеше за текот на мечот во неговото второ полувреме. Унгариците во последните шест минути успеаја негативата од еден гол да ја претворат во гол предност со серијата 5:3.
Во првите десет минути Унгарците максимално ги користеа грешките на Русија и успеаја да се одлеат на четири гола предност. Русите се вратија со два гола, имаа три напади за да се доближат на едн гол негатива но Унгарците ги одбија тие напади.
Завршниот налет Русите го има во последните осум минути, надополнија негатива од четири гола (24:24), а при резултат 26:25 го имаа последниот напад. Акцијата беше одиграна за Дибиров чии удар го одбрани Миклер, а потоа топката го погоди дирекот.
Левото крило на Вардар беше вистински трагичар бидејќи во текот на мечот не реализираше два удари од седум метри.
На крајот Дибиров мечот го заврши со три гола. Најефикасен кај Русија беше Санталов со пет гола, додека Косоротов и Калараш постигнаа по четири. Унгарија во нападот ја предводеше Балог со седум гола, а во одбраната одличниот голман Миклер со девет интервенции.
? Roland Mikler saves a last-minute attempt from Timur Dibirov and wins the match for @MKSZhandball ?? against @rushandball ??!#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/VNahzxR6Ac
— EHF EURO (@EHFEURO) January 11, 2020