Top Sport

Лесни победи за Челси и Јунајтед, „светците“ го шокираа Лестер

Челси и Манчестер Јунајтед забележаа рутински победи, Евертон не блескаша но го победи Брајтон, Њукасл освоија бод кај Вулвехемптон, додека Саутемптон го изненадија Лестер и ја продолжија серијата на добри резултати.

Челси ќе останат на четвртото место на табелата и по ова коло откако со 3:0 ги освоија бодовите во дуелот со Брајтон. Жоржињо од пенал и Абрахам постигнаа по еден гол во првото полувреме, а на почетокот на второто конечниот резултат го постави Хадсон-Одои.

Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од три натпревари без победа во сите натпреварувања. На „Олд Трафорд“, Јунајтед славеа над Норич со 4:0. Првите два гола за „црвените ѓаволи“ ги постигна Рашфорд, а по едн гол постигнаа Марсијал и Гринвуд. Норич се последни на табелата тие немаат победа во Премиер лигата од 23 ноември.

Саутемптон им се одмаздија на лестер за најубедливиот пораз во историјата на клубот. Пред два месци Лестер во Саутемптон победија со 9:0. Вечерва на „Кинг Пауер“ стадионот „свтците“ ги освоија бодовите со пресврт откако Прает постигна гол за Лестер.

Армстронг израмни пет минути по голот на Ластер, а конечните 1:2 ги постави Ингс во 81 минута.

На овој натпревар „прекувремено“ работеше ВАР системот. Два гола им беа поништени на Лестер, а на Саутемптон им поништи гол и пенал.

Бразилецот Ришарлисон го реши победникот на натпреварот помеѓу Евертон и Брајтон, додека Вулверхемптон и Њукасл одиграа 1:1.

Scroll to Top