Top Sport

Нејмар открива: Имав фризура како Роналдо во 2002!

Неверојатната игра на Роналдо на Светското првенство во 2002 инспирираше цела генерација на фудбалери, но како што открива и Нејмар и цела генерација на млади луѓе со смешна фризура.

Роналдо, тогаш ѕвезда на Реал Мадрид, ги предводеше „Селесао“ до петта светска титула на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија со осум гола, на турнир на кој најзбележителна беше неговата бизарна „триаголник“ фризура.

Во интервју со неговиот поранешен клупски колега Жерар Пике, Нејмар открива дека сите млади во Бразил имале обид да го копираат Роналдо.

„Иако имав само две години, првото СП го гледав на ТВ и се сеќавам дека Ромарио постигнуваше одлични голови. Второто е првенството во 2002. На тој турнир се сеќавам целосно. Се сеќавам на Роналдо. Неговата фризура беше одлична. И јас имав таква“, открива Нејмар.

Возбудениот Пике се смее и бара фотографија.

Фотомонтажа: Goal.com

„Не, јас немам фотографија, но ќе побарам. Сигурен сум дека мајка ми чува. Сите имавме таква фризура, сите сакавме да сме Роналдо“, вели Нејмар.

Самиот Роналдо неодамна ја откри причината зошто имал таква фризура.

„Имав повреда на бутниот мускул и бев на 60% од квалитетите. Ја избричив главата. Сите зборуваа за мојата повреда, но кога дојдов на тренинг, сите заборавија на повредата“, откри Роналдо.

Scroll to Top