Плеј-офот за пласман во втората чилеанска лига Сегунда заврши со фарса и протест, откако еден од клубовите одби да ги „преигра“ пеналите.
Депортес Ваљенар победи со 5:4 на пенали по двата меча во плеј-офот против Депортес Мелипиља. Судијата на мечот, Едуардо Гамбоа дозволи еден нелегален обид на Хуан Силва (кој сопре пред да го изведе пеналот), да биде повторно изведен, наместо да го поништо голот и федерацијата реши повторно да се изведуваат пеналите.
Од Депортес Ваљенар, клубот од градчето Ла Серена, најавија дека не планираат да учествуваат во повторното изведување на пеналите, по што Мелипиља службено го доби мечот и пласманот во втората лига. По ова следуваше протест на улиците на Ла Серена.