Единствената Иранка која освоила олимписки медал, Кимија Ализадех, објави дека планира да ја напушти исламската република, опишувајќи се себеси како „една од милионите жени кои живеат под притисок во Иран“.
21-годишната Ализадех освои бронзен медал на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година, и на својот Инстаграм профил објави дека сега живее во Холандија, напаѓајќи го задолжителното носење на хиџабот и обвинувајќи ги спортските федерации во државата за сексизам и малтретирање.
„Што и да ми кажеа, јас го носев. Секоја реченица која ми ја кажуваа, ја повторував. Никој од спортистите не им е важен, ние сме само алатки“, напиша Ализадех.
Иранските власти засега не реагираа, иако новинската агенција „ИНСА“ тврдеше дека таа е повредено и дека не може да се натпреварува, иако е можно на ОИ во Токио ова лето да настапува „под друго знаме“.
Таа не е прв ирански спортист кој си заминува од државата. Во септември, џудистот Сајид Молаи објави дека живее во Германија откако иранските власти не му дозволуваа да се бори со Израелец, а минатата година најпознатиот фудбалски судија од Иран, Алиреза Фагани пребега во Австралија.