Кога се зборува за дејноста спорт, може да се каже дека спортот во државата не е адекватно дефиниран од повеќе аспекти и стратешки определби.
Спортот е образование, наука, култура, етика, филозофија на животот, уметност, игра, забава и натпревар. Науката на спортот е дефинирана под името Кинезиологија – наука за движење на човекот и е дел од Антропологијата, наука за човекот. Спортот асоцира на здрав и културен живот. Здравјето може да се дефинира дека не е отсуство на болест, туку зависи од економските, социјалните состојби, од генетскиот фактор, еколошките услови, од квалитетот на исхраната и прекумерното користење на алкохол, пушење, дрога, прекумерна телесна тежина, недоволна телесна активност или хипокинезија, депресија и сл.
Совети за здрав и културен живот
Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.
Како превентивни мерки на дејноста на спортот се: атлетиката, спортската гимнастика, ритмичката гимнастика, танцувањето, планинарењето, утринската гимнастика и вежби заз оформување на телото, фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, џудо, карате, борење, тенис, пинг-понг, бадминтон, возење на велосипед, пливање, лизгање, скијање, фитнес вежби, пилатес, јога вежби, возење ролерки, спортска рекреација, веслање, нуркање, елементарни и штафетни игри.
Хипокинезијата или намалената телесна активност како контраиндикација за одржување на здравјето
Повеќечасовното седење или лежење и екрономоманијата, како недостиг на телесно вежбање и псортување, носи влошување на здравјето на човекот, намалување на психомоторната способност и имунитетот на луѓето, намалување на мускулното и коскеното ткиво. Телесната неактивност или хипокинезијата влијае негативно на кардиоваскуларниот систем, хипертензија, депресија, деменција, дијабетес, намалена подвижност, успорено движење, губење на рамнотежа, несвестица, вртоглавица, деформитети во однос на држењето на телото: кифоза, сколоиза и лордоза. Генетски човекот е роден да се движи, движењето е живот, животот е движење.
Недоволната телесна активност доведува до зголемување на телесната тежина. Во државата критична е состојбата на луѓето од 100, 200 до 300 пациенти дневно се пријавуваат во клиничките центри, 200.000 пациенти се болни од дијабетес, 178.000 се со белодробни заболувања, 46 отсто се пушачи, 55 отсто се корисници на алкохол, секое второ дете има лошо држење на телото, деца од пет до седум години користат мобилна телефонија и интернет, 24 отсто користат седативи, 20 отсто од машките и 15 отсто од женските деца имаат преголем телесна тежина, 62 отсто од мажите и 48 отсто од жените се со зголемена телесна тежина на 18 години. Вкупно во државата преголема телесна тежина имаат од 30 до 40 отсто. Од 270.000 ученици во основното и средното образование, 64 отсто се со пречки во развојот. На клиниката за гастрологија за три години се регистрирани 50.000 пациенти.
Во државата од 270.000 ученици во основно и средно образование само 18 отсто спортуваат, а 82 отсто не користат спорт и спортска рекреација. Наставниот процес во физичко и здравствено образование е во стагнација, наставата не се изведува и се заменува со други предмети, а слична е ситуацијата и во предучилишните установи. Оценката по физичко образование е чиста формалност и не се оценува ниту воспитната, образовната и моторната компонента. Потребни се реформи во наставата во одонос на програмската насоченост. На инфективната клиника се регистрирани 140.000 пациенти, од кои 2.000 до 3.000 се на болничко лекување во клиниката.
Вп текот на 2017 година се регистрирани 3.587 пациенти со белодробни заболувања. Се зголемува бројот на лица со попреченост на здравјето во однос на видот, слухот, говорот и инвалидноста кај младите. Новозаболени со тумори се 5.000 годишно, а вкупен број на заболени со малигни тумори за 2016 година се 40.000.
Програма и модели на тренинг за здрав и културен живот
Со цел да се подобри здравјето и моторната способност кај луѓето, потребна е секојдневна телесна активност минимум три до четири пати неделно во траење од 30 до 60 минути, или вкупна активност неделно од 120 до 240 минути со умерен интензитет. Се користат аеробни вежби во природа, пешачење и трчање, со висок интензитет од 10 минути дневно или 75 минути неделно.
За подобрување на моторната способност се користат вежби на сила со статичен и динамичен карактер за рацете, раменскиот појас, трупот и долните екстремитети, вежби за еластичност и флексибилност, чувството на простор и време, рамнотежа, брзина, брзинска издржливост. За подобрување на здравјето и моторната способност три до пет пати неделно да се користи пешачење во траење од 30 до 60 минути со пауза од 10 минути. Во просек, бројот на чекори во една минута за неспортисти изнесува од 100 до 120 чекори или за 30 минути 3.600 чекори, а за 60 минути, 9.200 чекори. Станува збор за забрзано пешачење со должина на чекорот од 60 до 70 сантиметри, телото е исправено.
За подобрувањето на здравјето важна е квалитетната исхрана, и редовната здравствена контрола во однос на крвната слика, дијабетесот, систоличниот и дијастоличниот притисок, телесната тежина и слично. Важно е да се избегнува екрономанијата на користење на мобилната телефонија, интернетот, телевизијата, а слободното време да се користи за спортување и спортска рекреација. За подобрување на здравјето и способноста важно е како се користи спортската инфраструктура во однос на објекти и терени за спорт и рекреација и кој управува со спортските објекти и колкава е популационата структура на учесниците независно од полот и возраста. Од суштинско значење за правилен развој на учесниците е стручноста на тренерите, наставниците, педагозите, психолозите и спортските тренери, што треба да е предмет на проучување на Агенцијата за млади и спорт на локално и централно ниво.
Во случај на издавање на спортските објекти под субвенција, спортот станува привилегија на богатите, со што осетно се намалува бројот на учесниците и не е во интерес на државата.
Проф.др. Ѓорѓи Спасов, самостоен истражувач и експерт за проучување на стратегијата за развој на спортот и физичкото образование