Top Sport

Некогаш кинеше мрежи низ Европа, сега вози такси – Хакан Шукур

Хакан Шукур (48) е своевремено еден од најдобрите светски напаѓачи, човек кој на крајот на минатиот и почетокот на овој милениум жареше и палеше во фудбалска Европа. Го предводеше турски Галатасарај до трофејот во Купот на УЕФА во 2000 година. Со селекцијата на Турција на Мундијалот во Кореа и Јапонија го освои бронзениот медал, а сега верувале или не – вози такси.

За сето тоа, според неговите зборови, е виновен само еден човек, долгогодишниот и актуелен претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претедателот на Турција поради неговите политички мислења Шукур го смета за противник на државата, па сега овој некогаш славен фудбалер работи како возач на такси со помош на апликацијата „Убер“ во Вашингтон.

Μέλη φεμινιστικών οργανώσεων κρατούν πανό στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Αθηνών , Δευτέρα 13 Ιανουαρίου 2020. Ξεκίνησε στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Αθηνών η δίκη της υπόθεσης βιασμού και δολοφονίας της φοιτήτριας Ελένης Τοπαλούδη τον Νοέμβριο του 2018 στη Ρόδο. ΑΠΕ-ΜΠΕ/ΑΠΕ-ΜΠΕ/Παντελής Σαίτας

„Почнувам да работам како возач на „Убер“ во Вашингтон. Веќе ништо не ми остана, Ердоган се ми зеде, правото на слобода, на мислење и работата. Деловните простории на мојата сопруга ги уништија вандали, децата ми ги малтретираа на улица, а добивав и смртни закани. Кога си отидов во 2015 година, ми го притворија таткото и го замрзнаа целиот мој имот. Моите родители имаат рак и не можат да дојдат да ги видам. Политиката на Ердоган го промени односот кон Европа и се сврте кон Блискиот Исток“ – вели Хакан Шукур.

Тој вели дека не е терорист или предавник, нагласува дека го сака турското знаме и својата земја.

Освен во дресот на Галатасарај, Шукур во својата професионална кариера настапуваше и за Интер, Парма и Блекбурн.

Scroll to Top