Top Sport

Најпосакуван купувач во Саутемптон е Ливерпул

Виргил ван Дајк во средата стана најскапиот дефанзивец во историјата откако Ливерпул се согласи на Саутемптон да му плати 75 милиони фунти.

Трансферот на Холанѓанецот на „Енфилд“ уште еднаш ја потврди добрата соработка помеѓу двата тима.

Саутемптон во изминатите години на Ливерпул му продал илиграчи за повеќе од 20о милиони евра.

Трансферот на Ван Дајк е најскап, а Ливерпул најмалку платил за Џеј Родригез (5,5 милиони фунти). „Црвените“ значителна сума издвоиле за Садио Мане (41 милион), Адам лалана (31 милион), Дејан Ловрен (26 милиони) и Натанијел Клајн (18 милиони).

Соработката која ја имаат овие клубови беше повод за новинарите од фудбалскиот портал „Гол“ (goal.com). да се пошегуваат, односно да направат „прогноза“ како ќе изгледа Ливерпул во 2020 година.

Scroll to Top