Шкендија го совлада Работнички по изведувањето на пеналите за пласман во четврт-финалето на Купот на Македонија, каде што им се приклучуваат прволигашите Академија Пандев, Победа, Пелистер, Скопје и Ренова.
Шкендија уште во осмата минута од натпреварот дојде во предност благодарение на голот на Радески, по што иницијативата не успеа да ја круниса со уште еден гол со кој би го потврдиле пласманот. Ова го искористи Ерера, кој во 80-тата минута носи израмнување и пенал-серија.
Сепак, во пенал-серијата, голманот на Шкендија, Захов стапува на сцена и ги носи тетовци во четврт-финалето.
Академија Пандев одговори на предизвикот и со 4:0 го совлада Силекс откако имаа негатива од еден гол по првиот меч, за продолжување на одличната сезона на струмичани со пласман меѓу најдобрите осум во националниот куп.
Ренова, пак, мораше да се спасува во последните моменти од мечот, со гол во 85. минута, откако второлигашот Струга Трим Лум водеше со 2:1, резултат кој ќе го елиминираше прволигашот.
Пелагониските ривали Победа и Пелистер само ставија печат на својот пласман во следното коло, откако Победа со 5:1 ја „торпедираше“ Брегалница, додека Пелистер стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Борец во Велес. Скопје исто така со 3:0 го повтори резултатот од првиот меч против Еуромилк.
ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Шкендија – Работнички 1:1, 3:2 пен.
Прв натпревар: 1:1, вкупен резултат: 2:2
Академија Пандев – Силекс 4:0
Прв натпревар: 0:1, вкупен резултат: 4:1
Победа – Брегалница 5:1
Прв натпревар: 3:2, вкупен резултат: 7:3
Струга Трим Лум – Ренова 2:2
Прв натпревар: 2:3, вкупен резултат: 4:5
Борец – Пелистер 1:3
Прв натпревар: 2:4, вкупен резултат: 3:7
Еуромилк – Скопје 0:3
Прв натпревар: 0:3, вкупен резултат: 0:6