Рома синоќа се справи со Парма во Купот на Италија славејќи победа со 2-0.
Почетниот резултат беше актуелен се до 49 минута кога Пелегрини по асистенцијата на Калиниќ погоди за 0-1.
Домаќините се обидоа да стигнат до израмнување но безуспешно.
Точна на мечот за потврда на победата и пласман во четвртфиналето на Купот повторно стави Пелегрини со својот втор гол во 76 минута, овојпат од пенал по играњето со со рака на Бариља.
Рома во следното коло ќе се судри со Јувентус, кој во Купот ја елиминираше екипата на Удинезе.