Напаѓачот на Јувентус и на Португалија е највлијателен фудбалер на онлајн платформа во Кина, покажува годинешниот извештај на маркетинг агенцијата „Mailman”.
Како што пренесува Ројтерс, Португалецот втора година по ред зад себе ги остава Аргентинецот Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.
Фудбалскиот клуб Барселона е најпопуларен клуб во најнаселената светска држава, пред Реал Мадрид, додека трет е лондонски Челси. Интересно е тоа што „сините“ станаа повлијателен клуб во Кина за разлика од Ливерпул и Манчестер Јунајтед кои минатите години беа во предност.
Во Кина највлијателна е англиската Премиерлига, пред шпанската Ла Лига и германската Бундеслига.