Top Sport

Олмо доаѓа во Милан за десетпати поголема плата од онаа во Динамо?

Се споменуваа Барселона, Атлетико, Манчестер Јунајтед, Евертон, Баерн Мнхен, но се чини дека на крајот шпанскиот фудбалер Дани Олмо ќе се пресели во Милан.

Долго време челниците на „росонерите“ се мислеа дали да го ангажираат фудбалерот кој светската јавност го запозна по фантастичните партии во загребски Динамо. И Управата на „модрите“ не сакаше да го даде најдобриот играч во екипата без добро да профитира од неговиот трансфер.

Хрватскиот весник „Спортске новости“ кој важи за добро упатен во приликите на клубот од „Максимир“ пишува дека иако Динамо бараше 30 милиони за Олмо, челниците на Милан (спортски директор е Хрватот Звонимир Бобан) ја спуштиле сумата на 20 милиони.

Но тоа е само дел од она што му следува на Динамо доколку Олмо се пресели на „Сан Сиро“. Милан ќе мора на Динамо да му плати уште 5 милиони евра на контото на реално достижни трансфери, а во иднина клубот од Загреб ќе има и процент од наредните продажби.
Олмо најверојатно ќе треба да потпише договор на 4,5 години вреден 2.5 милиони евра по сезона што е десетпати повеќе од она што тој го заработуваше во Хрватска.
Најмногу се споменуваше враќање на Олмо во Барселона, ама Каталонците сакаа да го доведат за 10 милиони евра.
Сега се зависи од фудбалерот, неговиот татко Мигел и агентот Енди Бара.

Scroll to Top