Се уште прва асоцијација за руски женски тенис сигурно се Марија Шарапова и Ана Курникова, а сега имаат наследничка според убавината, сексапилот и талентот.
Се работи за 18-годишната тенисерка Анастасија Потапова родена во Саратов која е поранешна најдобра светска јуниорка, шампионка на Вимблдон на 16 години.
Минатата година играше на сите 4 грен слема, а само на УС-Опен не се пласираше во второто коло. Моментно е 90-та а ВТА листата.
Наредната недела ќе се појави на терените во Австралија и тоа против најтешката можна противничка во моментов, Американката Серена Вилијамс.