На Фејсбук страната на ракометниот клуб Тинекс Пролет од Скопје денеска се појави фотографијата на поранешниот македонски репрезентативен голман, Петар Ангелов – Диви (43). Од клубот информираат дека отсега Ангелов ќе го брани голот на скопскиот прволигаш. Голманот потпишал договор со Пролет на година ипол.
Петар Ангелов кариерата ја започна во 1997 година во Тиквеш од Кавадарци.
Има настапувано и за Пелистер, Вардар и Металург во Македонија, додека во странство ги бранеше боите на Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.
Голот на ракометната репрезентација го бранеше од 2002 до 2016 година на вкупно 138 натпревари.
Фото: РК Тинекс Пролет