Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја коментираше тренерската смена во Барселона. Во понеделникот Барса го отпушти Ернесто Валверде и на негово место го доведе Кике Сетиен.
„Жал ми е за него“ – рече Зидан во врска со смената на Валверде.
Францускиот стратег рече дека многу го почитува екс-кормиларот на Каталонците.
„Тој е тренер кој покажа колку е добар и многу го почитувам. Како тренери на клубови како што се Реал и Барселона заеме на што сме и тоа нема да се промени. Ако јас загубам натпревар, и мене ќе ме критикуваат, како што беше случај пред месец ипол. Можеш само да се обидеш да деш 100 отсто од себе. Жал ми е Валверде“ – рече Зидан.
Реал Мадрид и Барселона моментно се изедначени на врвот на Ла Лига со по 40 бодови.
Мадридскиот клуб денеска од 16 часот ја дочекува Севилја, а Барселона утре од 21 часот ќе ја нагости Гранада.