Top Sport

Постигна тројка во стил на фудбалер кој изведува аут (видео)

Кошаркарите на актуелниот НБА шампион, Торонто Репторс ноќеска до врв го наполнија кошот на Вашингтон, мечот заврши со резултат 140-111.

Од тие 140 поени на Репторси дури 22 беа тројки, а најпрераскажувани денеска се трите што ги постигна плејмејкерот Кајл Лаури од дистанца.

На средината на противничката половина, Лаури изблокиран од противнички играч, се обидува да изнуди прекршок, но се чини во немоќ го фрла баскетот во стилот на фудбалерите кои изведуваат аут.

За неверување на сите, топката минува низ обрачот и мрежичката.

Погледнете:

Scroll to Top