Легендата на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Роналдо даде катастрофална оценка за тимот на Барселона за „многу лошиот третман“ на Бразилците пред јануарскиот трансфер-рок, во кој Барса ќе се обиде да донесе нов негов сонародник – Филип Кутињо.
Роналдо помина една година на „Ноу Камп“ пред да се пресели во Интер во 1997 година, и нема најдобри сеќавања од престојот во Барселона.
„Се чувствував многу посреќно и поповрзано со Реал Мадрид, и покрај тоа што имав одлична година во Барселона. На крајот, мојата историја со Барса беше многу лоша слично како и Нејмар. Тие секогаш имаа проблеми со Бразилците – со мене, со Роналдињо, со Нејмар. Бевме третирани лошо од клубот и покрај посветеноста и успехот“, вели Роналдо во интервју со „Еспорте интеративо“.