Top Sport

Брињоне ја победи Шифрин, комбинацијата за Пинтуро! (видео)

Италијанката Федерика Брињоне ги изненади фаворизираните Микаела Шифрин и Викторија Ребензбург за триумф на петочната трка во велеслалом во Лиенц, Австрија.

Ребензбург водеше по првото возење, пред Шифрин, но 27-годишната Брињоне ги помина двете од четвртото место за да победи со минимални 0.04 секунди за шести триумф од Светскиот куп.

Шифрин останува убедлива во генерален пласман со 881 поени, пред Ребензбург со 510 и Словачката Петра Влхова со 385 поени.

Во Бормио, Италија пак, Французинот Алексис Пинтуро стигна до нова победа во алпска комбинација, откако лидерот по спустот, Доминик Парис утна врата во финишот на слаломската трка.

До седмата победа во дисциплината, Пинтуро победи со 0.42 секунди предност пред Италијанецот Петер Фил и 0.45 секунди пред Норвежанецот Кјетил Јансруд. Пинтуро беше 19. по спустот, но го имаше најдоброто слаломско возење за 21. победа во кариерата.

Парис беше блиску до втора победа по таа во спустот во четвртокот, кога имаше 0.46 секунди предност на последното мерно место, пред да ја загуби контролата на 10 врати пред крајот.

Scroll to Top