Делонте Вест е поранешен НБА кошаркар, соиграч на Леброн Џејмс во Кливленд Кавалирс, бил уапсен од полицијата откако бил претепан на улица во Вашингтон. Видеото на кое лежи на улица молскавично се рашири по социјалните мрежи.
Вест зад себе има богата кариера која ја завршил во 2015 година во дресот на Тексас Леџенд.
Како активен кошаркар тој успеал да потроши голем дел од парите што ги заработил, а неколку години по завршувањето на кариерата банкротирал и станал бездомник. Редовно имал проблеми со алкохолот и дрогите.
Вест кариерата ја започнал во 2004 година кога како 24 пик на драфтот бил избран од Бостон Селтикс.
За Селтикс играл во два мандати (2004-2007 и 2010-2011), бил играч и на Кливленд Кавалирс (2007-2010) и Далас Маверикс (2011-2012). Играл и за неколку екипи во Кина.
Со Кливленд, како соиграч на Леброн Џејмс во 2008 година играл во финалето на Истокот.
Просечно во НБА кариерата постигнувал по 9,7 поени.
Apparently Delonte West was seen getting beat up in the street this Morning. I went to school with him and it’s crazy to see just how his life has gone downhill since the NBA. pic.twitter.com/chm6Sbu9h6
— RootingForEverybodyBlack ✊? (@N90sKindOfWorld) January 20, 2020
https://twitter.com/damani_givens/status/1219409909827149825