Top Sport

Бејл се враќа во Тотенхем?

Герет Бејл секогаш е интересна тема за медиумите во Шпанија. Велшанецот, во саботата, не беше во тимот на Реал против Севилја. Тој мечот го следеше од трибините, а повтторно ги налути навивачите бидејќи го напушти скадионот во 82 минута.

Шпанците шпекулираат дека Бејл би можел да се врати во Тотенхем во овој преоден рок, иако тој наводно ги известил челниците на реал дека има намера да го одработи до крај својот договор.

Според Шпанците на тема Герет Бејл еден состанок веќе одржале претседателите на двата клуба Флорентино Перез и Даниел Леви.

Бејл е голема желба на менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо. Тој сакаше да го донесе Велшанецот и во Манчестер Јунајтед додека работеше на „Олд Трафорд“.

Шпанските медиуми тврдат голема е веројатноста Бејл да го напушти Реал и да се врати во Тотенхем до крајот на преодниот рок.

Scroll to Top