Фабио Паратичи и Павел Недвед подготвувале голема реконструкција на најтрофејниот италијански клуб Јувентус. Како што пишуваат италијанските медиуми, по завршувањето на сезоната ќе следува подмладување на „старата дама“.
Процесот на подмладувањето Јувентус го започнаа со трансферот на Дејан Кулушевски, кој до крајот на сезоната останува на позајмица во Парма.
Паратичи и Недвед се подготвувае да го реализираат трансферот на „новиот Пирло“, Сандро Тонали од Бреша. За овој млад играч ќе треба да издвојат најмалку 50 милиони евра.
Толку ќе ги чини и трансферот на федерико Киеза од Фиорентина. Овој играч и во летниот преоден рок се поврзуваше со Јувентус, но тогаш новиот сопственик на Фиорентина Роко Комисо го блокираше трансферот.
Исто така гласни се најавите се дека Пол Погба бил „многу заинтересиран“ за враќање во Торино.
Овие играчи заедно со Дибала, Демирал и Де Лихт треба да бидат иднината на Јувентус.
Од актуелниот тим покрај Кристијано Роналдо сигурно ќе останат голманот Шчешни, Квадрадо, Кјелини, Бонучи и веројатно Алекс Сандро.
Сите останати, вклучувајќи ги и Пјаниќ, Даглас Кошта и Игуаин ќе можат да заминат доколку за нив понудите бидат прифатливи за клубот.
Неизна била и судбината на тренерот Маурицио Сари. Медумите во Италија тврдат дека тој е добие отказ доколку не го исполни најмалиот услов, а тоа е одбрана на титулата во Серија А.