Top Sport

Јавноста „удри“ по Врањеш: Неверојатно е што направи

Селекторот на Словенија Љубомир Врањеш жестоко е критикуван од јавноста во државата поради одлуката со која ѝ го компромитира патот на репрезентацијата до полу-финалето на Европското првенство.

Словенците пред мечот со Унгарија беа во одлична позиција им беше потребна победа за да бидат сигурни во полу-финалето. Меѓутоа Словенците доживеаја пораз 28:29 и си ја доведоа во прашање втората позиција.

Јавноста во Словенија е убедена дека одлуката на Врање да го држи на клупата Деан Бомбач најмногу придонела за поразот од Унгарија.

Бомбач е најдобар играч на Словенија во досегашниот тек на Европското првенство. Пред неколку дена тој ја растури Шведска со девет гола и десет асистенции.

„Неверојатна е одлуката на Врањеш на клупата да го држи 45 минути Бомбач. Тој му е клучен играч и е еден од најдобрите во досегашниот тек на Европското првенство. На крајот поради таа одлука беше поразен“, пишуваат словенечките медуми.

Врање се правда дека морал во еден момент да го одмори својот најдобра играч.

„Турнирот е долг, потребни ни се многу квалитетни играчи. Не мислам дека Миха Зарабец одигра лошо во првото полувреме, но по 10-15 минути во вториот дел моравме да направиме измена. Мислам дека мораме да ги користиме сите играчи, а јас имам добри играчи. Претходно во текот на турнирот под притисок беа неколкумина од нашите ракометари, сега беше време да видиме некои други играчи“, рекол Врањеш.

Словенија денес од 16 часот ќе игра против Португалија.

foto/EPA

Scroll to Top