Ракометната репрезентација на Аргентина забележа нестварна победа над Боливија во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.
Аргентина и Бразил се најсилните селекции во Јужна Америка, влегоа како апсолутни фаворити против Боливија, меѓутоа резултатот е за рбуриката „верувале или не“.
По првиот дел „гаучосите“ имале предност од 42:5, а во вториот дел постигнале 40, а примиле само два гола. Натпреварот заврши со резултат 82:7.