Top Sport

Јаховиќ заминува од Малатија

Поранешниот репрезентативец на Македонија Адис Јаховиќ (32) по само седум месеци решил да ја напушти екипата на Малатија. Во наредните денови тој треба да ја официјализира соработката со Анталијаспор.

Јаховиќ одигра одлично во првиот дел од сезоната во дресот на Малатија, на 18 натпревари постигнал 11 гола.

Анталија во вториот дел од сезоната ќе се обидат да изборат опстанок во лигата. Овој тим има само три победи досега и со 14 поени се наоѓа на 16 место на табелата. Најголем проблем на Анталија е ефикасноста поради што челниците инсистирале на трансферот на Јаховиќ.

Анталија ќе биде четвртиот клуб за Јаховиќ во Турција, претходно играл за Гозтепе, Коњаспор и Малатија.

Scroll to Top