Роџер Федерер експресно го мина второто коло на Австралија опен. Швајцарецот за 92 минути го збриша од теренот српскиот тенисер Филип Крајиновиќ.
Федерер за 21 минута го доби првиот сет со 6/1, за 6/4 во вториот му беа потребни 40 минути, а работата ја завриши за 31 минута во третиот сет кој го доби со идентичен резултат како и првиот сет.
Крајиновиќ успеа некаков отпор да пружи само во вториот сет кога го направи единствениот брејк во мечот.
38 годишниот Швајцарец во третото коло ќе игра против домашниот тенисер Џон Милман.