Роџер Федерер им прати вистинска порака на сите ривали на стартот на новата тениска сезона, откако со 6:4/6:3 го „збриша“ Јапонецот Јуичи Сугита во првиот меч на турнирот во мешани двојки, Хопман купот во Перт, Австралија.
Додека неговите главни тројца ривали – Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј се мачат со повреди пред Австралија опен, Федерер изгледаше во топ-форма со одлични удари и фантастично движење на теренот.
„Мислам дека играм навистина добро, бидејќи во спротивност немаше да ги имам резултатите кои ги имам“, изјави нескромно Федерер.
36-годишниот Федерер игра заедно со Белинда Бенчич за Швајцарија, но главната цел секако е шеста титула од Мелбурн парк. Ѓоковиќ е неизвесен за настап откако се повлече од Катар опен, Енди Мареј изгледаше лошо во поразот во Абу Даби во петокот со проблеми со движењето, додека светскиот број 1, Рафа Надал се повлече од Бризбејн поради проблеми со коленото.
Sembra che qualcuno sia già in formissima, vero Roger #Federer????#EurosportTENNIS | https://t.co/yeuDfSfQxW pic.twitter.com/LGthEcdOq6
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 30, 2017