Top Sport

Чалханоглу го спаси Милан од нов пораз (видео)

Хакан Чалханоглу, еден од 11-те нови играчи на Милан во новата сезона, ги спаси „росонерите“ од пораз на „Артемио Франки“, во првиот меч од 19. коло на Серија А, во кој Фиорентина и Милан одиграа 1:1.

Џиџио Донарума се врати во составот против Виола, и беше најзаслужен што првото полувреме заврши без голови, по неколку добри интервенции, но не можеше да го сопре Џовани Симеоне, синот на тренерот на Атлетико Диего, да постигне ефектен гол со глава во 71. минута.

Но, само три минути подоцна, Чалханоглу налета на одбиената топка од голманот Марко Спортиело да донесе израмнување и да спречи Милан да доживее трет пораз во низа во Серија А. Милан останува на 9. место со 25 освоени поени, додека Фиорентина е осма со 27 поени.

Scroll to Top