Четвртиот, петтиот и седмиот носител на Австралија опен, Данил Медведев, Доминик Тим и Александар Зверев изборија пласман во третото коло. Покрај нив втората рунда ја минаа Монфилс, Рублев, Вердаско, Иснер и Карењо-Буста.
Финалистот од Ју-Ес опен, рускиот тенисер Медведев на теренот мина два часа и седум минути во дуелот со 168 играч на АТП листата, Педро Мартинез. Русинот го победи Шпанецот во три сета 7/5, 6/1, 6/3.
Во три сета победи и седмиот фаворит на турнирот Зверев. Германецот за два часа и 20 минути успеа да го победи 98 играч во светот Егор Герасимов. Зверев славеше со 7/6, 6/4, 7/5.
Петтиот носите Тим со беше на сет до елиминација од турнирот, меѓутоа успеа да направи пресврт против домашниот тенисер Алекс Болт (140 на АТП листата).
Болт имаше предност од 1:2 во сетови (6/2, 5/7, 6/7), меѓутоа Австриецот лесно ги доби преостанатите два сета 6/1, 6/2 за пласман во наредната рунда каде ќе игра против Кевин Андерсон или Тејлор Фриц.