Поранешниот колумбиски репрезентативец и ексфудбалер на Саутемптон, Џон Виафара е екстрадиран во САД поради обвиненија за шверцување на кокаин во САД.
41-годишниот Виафара беше уапсен во март во Колумбија, откако обвинителите во Тексас објавија дека тој е дел од криминална мрежа која носела кокаин во САД. Поранешниот фудбалер од средниот ред, кој играше за неколку колумбиски клубови, но и во англиските Портсмут и Саутемптон и шпанскиот Реал Сосиедад, во четвртокот наутро бил пренесен во САД. Тој беше дел од репрезентацијата на Колумбија која настапуваше на Копа Америка во 2004 и 2007 година.
Според американските обвинители тој се обидел да организира пренесување на над пет килограм кокаин во САД. Тој е вториот поранешен колумбиски фудбалер кој е обвинет за шверцување кокаин, откако Диего Леон Осорио беше осуден за исто обвинение.