Ромелу Лукаку открива дека тренерот на Интер, Антонио Конте има многу едноставен начин на интеракција со своите фудбалери и никогаш не се возддржува од критики, поради што тој добива посебна мотивација.
Белгиецот игра како „препороден“ оваа сезона по трансферот од Манчестер јунајтед за 75 милиони фунти, постигнувајќи 14 гола во 20 меча во Серија А, но вели дека најдобро сфатил како се работи под Конте, кога тренерот го направил „ѓубре“ пред своите соиграчи.
„Се сеќавам на еден од првите мечеви од ЛШ против Славија Прага, кога играв навистина лошо, тој ми кажа дека сум ѓубре пред целиот тим и дека ќе ме извади по само пет минути ако ми се повтори тоа. Таквите мали работи го прават посебен. Потоа, го игравме дербито на Милан и го имав еден од моите најдобри мечеви од сезоната. Ми дава самодоверба, но во исто време ме држи буден да не се занесувам. Тој го прави истото со сите, без разлика кој си мислите дека сте. Сите се еднакви. Такво нешто досега ми се нема случено. Менаџерот да ти кажува така директно во лице“, вели Лукаку во интервју за „Скај спортс“.