Top Sport

Црн декември за Јунајтед – Ибра во аут еден месец, за Лукаку уште не се знае

Жозе Мурињо признава дека може да помине цел месец пред Златан Ибрахимовиќ да се врати во тимот на Манчестер јунајтед по „мистериозната“ повреда, додека Белгиецот Ромелу Лукаку ќе мора да оди на тестови за да се види колку ќе отсуствува.

Како да не беше доволно третото реми во низа во Премиер лигата, Јунајтед може да остане без напаѓач во јануари.

Ибрахимовиќ се врати во составот на „Ѓаволите“ во декември по долгата пауза поради повредата на лигаментите во коленото, но изгледаше слабо на теренот, по што не беше во составот за 0:0 ремито со Саутемптон. По мечот, Мурињо призна дека тој може да паузира подолго.

„Тој ќе биде во аут еден месец, тоа е сигурно“, изјави Мурињо.

Останува да се види каква е повредата на на Лукаку, кој беше изнесен на носилки по 10 минути во саботниот меч по судирот со глави.

„Не знам, лошите вести обично доаѓаат бргу, а засега нема такви. Но, проблем сигурно постои, и мислам дека нема да можеме да го очекуваме барем уште два натпревари“, вели Португалецот.

Јунајтед повторно загуби поени, a го загуби и Лукаку (видео)

Scroll to Top