Еден Азар, најскапото засилување на Реал оваа сезона, се рехабилитирал од повредата на скочниот зглоб. Тој пред неколку дена започнал да тренира, но работел индивитуално и во теретана.
Прашање е кога тренерот Зинедин Зидан ќе може да смета на неговите услуги. Како можен датум за негово враќање во тимот шпанските медиуми го потенцираат 1 февруари кога реал ќе го игра градското дерби против Атлеитко, но не е исклучено во реал да не брзаат и тој во тимот да се појави дури на 26 февруари кога „кралскиот клуб“ ќе игра против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Наводно против Атлетико тој би бил меѓу резервите, додека против Манчестер сити би можел да се најде во стартниот состав.
Азар се повреди на натпреварот со пари Сен Жермен на 26 ноември минатата година.