Top Sport

Доживотна суспензија за Жоао Соуса

Бразилецот Жоао Соуса доживотно е суспендиран од тенисот откако било докажано дека е местел мечеви, објави Единицата за интегритет во тенисот (ТИУ).

Истрагата покажала дека 31 годишниот тенисер прекршил неколку анти-корупциски правила во периодот 2015-2019 година. Тој местел натпревари на челиленџер и фјучерс турнир во Бразил, Мексико, САд и Чешка.

Соуса бил привремено суспендиран од март 2019 година, а по сослушувањето на 14 јануари бил парично казнет со 200.000 долари.

ТИУ соопштиле дека Бразилецот не соработувал со истрагата и дека уништувал докази.

Во текот на кариерата Соуса не освоил ниту еден АТП турнир, најчесто се натпреварувач на челинџерите. Најдобриот пласман во кариерата го имал во 2015 година, кога бил 69 на АТП листата.

Scroll to Top