Шестиот натпреварувачки ден на Австралија опен донесе нови изненадувања во женска конкуренција. Од турнирот во третото коло се елиминирани втората и шестата носителка Каролина Плишкова и Белинда Бенчиќ. За разлика од нив проблеми в оваа рунда немаше Симона Халеп.
Романката Халеп, трета фаворитка на турнирот со 6/1, 6/4 ја победи тенисерката од Казахстан Јулија Путинцева. Во наредната рунда Халеп ќе игра против Елис Мертенс од Белгија која во три сета ја победи Американката Кетрин Белис.
Втората носителка Плишкова во тва тај-брејка беше поразена од Анастасија Пављученкова (30 на ВТА листата).
Русинката во наредното коло ќе се сретне со Германката Анжелик Кербер која славеше во три сета во дуелот со Италијанската Камила Џорџи.
Најголемото изненадување, барем според резултатот го приреди Естонката Анет Контавејт. таа на шестата фаворитка Белинда Бенчиќ и препушти само еден гем.
Контавејт во осмина-финалето ќе игра против Ига Швјатек која беше подобра од Дона Векиќ.