Фудбалерите на Еспањол и Атлетик Билбао ја отворија денешната програма од 21 коло во Ла лига. Мечот заврши без победник 1:1.
Фудбалерите на Атлетик беа поблиску до победата, но откако не ги реализираа своите шанси, казната ги стигна со голот на Раул Де Томас.
Првиот гол на мечот го постигна Вилјалибре во 12 минута. Истиот играч не успеа да реализираа голема шанса 20 минути подцна.
Вилјарибле се закани и во второто полувреме, но откако не реализира во 62 минута, а веќе во наредниот напад Де Томас ги постави конечните 1:1.
До крајот на мечот Лу Веи имаше можност да направи целосен пресврт, но неговиот шут заврши крај дирекот.
Еспањол со новиот тренер Абелардо остана непоразен и во третиот меч, но се уште е во опасната зона.
Еспањол е претпоследен во лигата со 15 поени. Од друга страна Атлетик е на шесттото место со 31 бод.