Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека Македонија наредната сезона во Лигата на шампионите ќе има само еден претставник. Новиот формат на Лигата на шампионите од наредната сезона ќе брои 16 екипи.

Како што објави ЕХФ девет екипи ќе учествуваат според ранкингот, додека останатите седум ќе влезат со „вајлд-карти“.

Со новиот формат Македонија остана без едно место, а репрезент во елитата ќе биде само Вардар.

ЕХФ објави и дека е зголемен наградниот фонд за учесниците на завршниот турнир. Вкупниот награден фонд ќе изнесува еден милион евра.

Инаку од наредната сезона ЕХФ ќе воведе ново натпреварување, Лига Европа, во кое Македонија ќе има три екипи.

foto/rkvardar.mk