Top Sport

Човекот кој ги сруши Меси и Роналдо ја испрати годината со осум топки

Хари Кејн напаѓачот на Тотенхем најдобриот стрелец во Англија во сезоната 2015/2016 со 25 гола, а потоа и во сезоната 2016/2017 со 29 гола, во ист ритам продолжи и во актуелната сезона.

Кејн, оваа сезона ја предводи Премиер лигата со 18 гола, а во изминатата календарска година тој постигна 56 гола, што е најдобар учинок во Европа.

Во 2017 година Кејн на осум натпревари постигна хет-трик.

Хет трик низата ја започна на 14 јануари против ВБА во Премиер лигата, ја продолжи на 19 февруари против Фулам во ФА купот, а три гола постигна и против Стоук, Лестер и Хал во финишот на минатата сезона.

Голгетрската серија ја продолжи и во новата сезона, три гола постигна против АПОЕЛ во Лигата на шампионите на 26 септември, а годината ја заокружи на натпреварите против Барнли и Саутемптон.

Кејн во годината која измина пред 12 часа постигна рекордни 39 гола, а воедно стана првиот играч во Англија кој во календарска година постигнал шест хет-трика.

Играчот на Тотенхем не ги сруши само рекордите во Англија, туку со 56. гола е најдобар стрелец во Европа, со што ја прекина седумгодишната доминација на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

„2017 беше добра кон мене“, објави Кејн на социјалните мрежи сликан со Златната топка и опкружен со осум топки.

Непишано фудбалско правило е играчот кој на еден меч ќе постигна хет-трик да ја земе за спомен топката со која е одигран натпреварот.

Scroll to Top