Фудбалерот на Ливерпул Садио Мане, поради повреда на бутниот мускул, ќе пропушти два натпревари. Сенегалецот се повреди минатиот четврток во победата на Ливерпул над Вулверхемптон 2:1.
Мане пред време го заврши мечот со Вулвс. Според тренерот Јирген Клоп одреден период тој нема да биде во тимот.
„Садио нема да игра против Вест Хем, а веројатно ќе го пропушти и натпреварот со Саутемптон. Потоа би требало да требало да биде здрав“, рекол Клоп.
Лиерпул се први на табелата во Премиер лигата со 67 поени. Вечерва ќе играат против Вест Хем, а в сабота против Саутемптон.