Фудбалскиот клуб Арсенал официјално го претстави последното клупско засилување. Станува збор за 26 годишниот Пабло Мари кој во Лондон пристигна од Фламенго.
Според договорот што го постигнале клубовите Мари до крајот на сезоната ќе биде позајмен во Арсенал. На трансферот на овој дефанзивец инсистираше тренерот Микел Артета.
Пабло Мари во кариерата настапувал за Химнастик, Џирона, НАЦ Бреда, и Депортиво Ла Коруња. Од 2016 година тој бил под договор со манчестер сити.
Во јули минатата година Фламенго за него платиле 1,7 милиони евра. Од позајмицата на Мари бразилскиот шампион ќе заработи пет милиони евра.
Welcome to London. Welcome to Arsenal.@PabloMV5 is coming to the capital! ? pic.twitter.com/X07dtNeG5Y
— Arsenal (@Arsenal) January 29, 2020