Top Sport

Ериксен со деби за Интер, „нераѕурите“ во полуфиналето на купот (видео)

Интер со 2:1 ја совлада Фиорентина за да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ги чека дуел со Наполи во меч во кој своето деби го имаше Кристијан Ериксен. Во второто полуфинале на Италијанскиот куп играат Јувентус и Милан.

Антонио Конте не остави ништо на случајноста и го стартуваше мечот со Алексис Санчез, Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез во нападот, а Кристијан Ериксен доби шанса за деби во второто полувреме.

Антонио Кандрева ги донесе „нераѕурите“ во водство во 44. минута од мечот, но Фиорентина во 60-тата минута израмни преку Касерес. Но, во 67. минута Интер успева да дојде до водство кое го оддржа до крајот на мечот преку Барела.

Scroll to Top