Гарбиње Мугуруса ќе се бори за титулата на грен-слем турнирот во Мелбурн. Шпанката (32 на ВТА листата) во второто полу-финале ја победи Романката Симона Халеп. Противничка на Мугуруса во финалето ќе и биде Софија Кенин, која претходно ја победи првата носителка Ешли Барти.
Два часа и седум минути и беа потрбни на Мугуруса за да ја победи Халеп со 7/6, 7/5. Интересно со идентичен резултат заврши и полу-финалето помеѓу Кенин и Барти, идентичен е дури и резултатот во тај-брејкот на првиот сет (8:6).
Првиот сет беше исклучително драматичен, Мугуруса имаше 5:3, меѓутоа неколку гема подоцна таа спасуваше сет топки. Сетот Шпанката го доби во тај-брејкот, во кој најпрви пропушти две сет топки, потоа спаси две, а успеа да ја искористи третата за водство 1:0.
Во вториот сет Халеп имаше брејк и предност 5:3, меѓутоа Мугуруса го заклучи мечот со четири гема што ги освои во низа.