Аргентинскиот напаѓач на Пењарол, Лукас Виатри го очекува подолга пауза од фудбалот откако пиротехничките материјали „случајно“ експлодирале во близина на неговото лице при прослава на Божиќ во Аргентина.
Како Виатри успеал да си го повреди лицето останува нејасно, но јасно е дека го очекува пауза од неколку месеци. За Виатри ова не е прв проблем кој го предизвикува, откако во 2008 година пред дебито за Бока јуниорс беше обвинет дека ограбил локална продавница во Буенос Аирес.