Лаутаро Мартинез нема да биде во тимот на Интер на наредните два натпревари поради црвениот картон што го доби во неделата против Калјари.
Аргентинецот во финишот на мечот, во обид да спречи контра на противникот, направи фаул за жолт картон. Незадоволен од одлуката тој упатил недолични зборови кон судијата Мањанело поради што овој му покажа уште еден жолт картон и го испрати во соблекувалната.
Дисциплинската комисија поради недоличното однесување реши да му изрече суспензија на два натпревари. Мартинез ќе го пропушти дуелот со Удинезе на 9 февруари и градското дерби со Милан една недела подоцна.
Исто така Аргентинецот е казнет и парично со 15.000 евра.