Севилја на Хулен Лопетеги се приклучи на Атлетико Мадрид како најголема „жртва“ во новиот систем на натпреварување во Копа дел реј, откако загуби со неверојатни 3:1 на гостувањето кај Мирандес во осминафиналето на натпреварувањето.
Кобен за Севилја беше бразилскиот напаѓач Ајаш, кој во првите половина час од мечот постигна два гола за тимот кој е само 10. во Сегунда.
Во 54. минута, аутсајдерот имаше совршена шанса да дојде и до 3:0, но Алваро Пења не го искористи ударот од белата точка, пред во 85. минута Алваро Реј да го комплетира понижувањето на гостите, кои во 91. минута преку Нолито конечно дојдоа до гол.