Манчестер сити во неделата одигра 0:0 со Кристал Палас и ја прекина низата од 18 победи во првенството, но и понатаму е на првото место со огромна предност од 14 бода во однос на Челси.
Кристал Палас во неделата не само што ја прекина серијата на лидерот туку беше блиску и да му го нанесе првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата. Голамнто на Сити, Едерсон во 92.минута му одбрани пенал на Миливојевиќ.
Инаку единствено Арсенал во сезоната 2003/2004 без пораз успеа да ја освои титулата, Сити е на половина пат да го повтори тој успех, но менаџерот Пеп Гвардиола не верува дека неговиот тим може да остане непоразен.
„Не размислувам на таа тема. Тоа нема да се случи. Можеби Арсен Венгер загрижен но таа 2004 е негова година. Сега ситуацијата е поинаква, има многу посилни екипи, мпногу натпревари, а и конкуренцијата е поголема“, рекол Гвардиола.
Сити следниот меч во првенството ќе го одигра во вторник од 21 часот против Вотфорд. Гвардиола во пресрет на овој натпревар има кадровски проблеми бидејќи на мечот во Лондон се повредија Габриел Жесус и Кевин Де Брујне.