Менаџерот на Челси Френк Лампард стави крај на сагата околу заминувањето на Оливие Жиру. Францускиот напаѓач во овој преоден рок нема да го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Жиру оваа сезона настапи на само пет натпревар за Челси, поради што самиот побарал трансфер во клуб каде што ќе игра бидејќи летово на програмата е Европското првенство.
Тој се најчесто се поврзуваше со Интер, меѓутоа изминатите денови се шпекулираше со негов евентуален трансфер во Лацио или Тотенхем.
Сепак конечниот збор го имал менаџерот Лампард. Тој рекол дека клубот не успеал да најде адекватна замена за напаѓачот и поради тоа тој сезоната ќе ја заврши во Челси.
BREAKING: Olivier Giroud will not be leaving Chelsea on #DeadlineDay as the Blues have failed to find a replacement, Frank Lampard confirms
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 31, 2020