Top Sport

Пирес: Ливерпул може без пораз до титулата, но Арсенал имаше многу потешки ривали

Роберт Пирес, членот на славната генерација на „непобедливите“ на Арсенал, единствениот тим кој ја освоил титулата од Премиер лигата без загубен меч, вели дека овој успех може да биде повторен од Ливерпул оваа сезона, но додава дека успехот на „црвените“ би бил помалку вреден поради ниската конкурентност на лигата.

Ливерпул под Јирген Клоп има неверојатни 19 поени предност на табелата по 23 победи и едно реми во 24 меча, и немаат загубено лигашки меч повеќе од 12 месеци. Многумина веќе ги гледаат со првата титула по 30 години, но и повторување на успехот на „непобедливите“ на Арсенал од 2003/04.

„Ливерпул може да ја завршат сезоната без пораз бидејќи сè им оди во прилог – тимот, резултатите, среќата, тренерот. Не знам кој би им направил проблеми, можеби Манчестер сити, но и тоа не е сигурно.  Мислев дека ќе се ’распаднат’ во текот на празниците со напорниот календар, но момците се уште тука. Денеска, технички Премиер лигата е на пониско ниво. Кога ќе ги погледнете тимовите на Манчестер јунајтед, Челси, Тотенхем и Арсенал, јасно е дека не се сериозни ривали, само Манчестер сити се сериозен тим. Да, може да го подобрат нашиот рекорд, но во наше време беше многу потешко. Прво, немаше камери, немаше ВАР“, објаснува Пирес за „Франс фудбал“.

Scroll to Top