Лајпциг и Борусија Менхенгладбах освоија по еден бод, откако во дербито одиграа 2:2. По оваа 22 коло на лидерската позиција во Бундес лигата се искачија фудбалерите на Баерн Минхен.
Лајоциг успеаја да се спасат од пораз против, но врвот на табелата им го препуштија на ривалите од Минхен.
Играчите од Менхенгладбах имаа предност од два гола по првото полувреме со головите на Плеа и Хофман.
Лајпциг на почетокот на вториот дел се вратија во мечот со голот на поранешниот играч на Рома Шик. Во 71 минута Плае набрзина доби два жолти картони.
Предноста од играч повеќе на теренот Лајпциг ја искористија во 89 минута со голот на Нкунку.
Баерн е лидер на табелата со 42 поени, еден помалку има Лајпциг, а зад нив со 39 поени се двете Борусии од Дортмунд и Менхенгалдбах.