Валтер Мацари ќе го плати цехот за катастрофалните резултати што ги постигнува Торино во последните неколку натпревари. „Биковите“ немаат победа на последните три натпревари во Серија, а во меѓувреме испаднаа и од Купот на Италија.
Торино синоќа загуби во Лече (4:0) од тимот што грчевито се бори за опстанок во Серија А. Ова беше прва победа за лече од почетокот на сезоната на домашен терен.
58 годишниот Мацари седна на клупата на Торино во 2018 година. Во богатата кариера бил тренер на неколку италијански тимови (Сампдорија, Интер, Наполи, Ливорно), а работел и во Вотфорд во Премиер лигата.
Претходно Торино беа поразен на гостински терен од Сасуоло (2:1), а од Аталанта како домаќини беа поразени со 7:0.
Италијанските медиуми тврдат дека на клупата биде наследен од тренерот на кој во периодот 2012-2016 го водел младинскиот тим на Торино, Морено Лонго.